ПРИСТОП МК – АГЕНЦИЈА ЗА ЦЕЛОСНИ КОМУНИКАЦИИ!
Комуникацијата претставува основен начин на споделување на информација помеѓу два субјекти со помош на медиум. Комуникацијата овозможува саканите пораки да се пренесат во својата форма и полно значење и такви да стигнат до оној кому му се наменети. Комуникацијата се состои од слушање, зборување, прашање, обсервација, анализа и евалуација на дадените и примените пораки.

Во 1997 година, како дел од Пристоп Комуникации - Љубљана, во Македонија е основана Пристоп МК, како прва и единствената комуникациска агенција во Македонија.
Денес, Пристоп МК го носи епитетот - прва ПР агенција во Македонија, со искуството на неприкосновен лидер на македонскиот пазар на комуникациите.
Пристоп МК е тим на професионалци кои распоредени во одделите за работа со клиенти и одделот за графички и веб дизајн симбиотички создаваат сериозни комуникации.
Со 12-те години зад себе, со студиозниот пристап кон комуникациите и одличното познавање на пазарот, Пристоп МК постојано го проширува своето делување на полето на комуникациите.
Воедно, Пристоп МК е дел од интернационалната мрежа на маркетинг агенции - Пристоп со канцеларии во Љубљана, Скопје, Белград, Сараево, Приштина и Брисел. Интернационалната мрежа на агенции овозможува Пристоп да оформи профил на најголема и најразвиена комуникациска група во регионот.
Во 2008 година, Пристоп МК го одделува клипинг сервисот (исто така прв сервис за следење на медиуми во Македонија) во посебен и самостоен ентитет – Пристоп клипинг, што секако останува во тесна врска со матичната фирма.
Искусниот менаџерски тим на Пристоп МК заедно со вработените досега ги има понудено своите услуги на повеќе од 100 клиенти од нашата земја и странство, овозможувајќи им на своите клиенти да ги поврзат информацијата и бизнисот во препознатлива бизнис комуникација.
Затоа, комуницирајте – сериозно!

